„Направивме голема грешка што го признавме Косово“

Словенечкиот претседател Борут Пахор со косовскиот премиер Рамуш Харадинај, при посетата на Косово.

Вонпарламанетарната Социјалистичка партија на Словенија упати повик до претседателот, премиерот и членовите на словенечката влада, да се заложат Република Словенија, по угледот на сé поголем број земји, да го повлече признавањето на Косово, и со тоа да го поддржи територијалниот интегритет на Република Србија.

Во писмото од партијата се наведува дека Словенија во 2008 година направила голема грешка со признавањето независност на дел од територијата на, како што е наречена во писмото, „братската земја“ Република Србија.

„Косово и Метохија се составен и неодвоив дел од Србија, како што пишува и во резолуцијата 1244 на Обединетите нации“, истакнуваат од партијата.

Во писмото се наведува и дека Косово и Метохија, „јужната покраина на нашата братска земја“, според меѓународното право, немала никакво право да се изјасни како „држава“. 10 години по признавањето, велат во писмото, е уште поочигледно дека Косово уште од самиот почеток на југословенската криза било инструмент на Западот.

Прочитајте и:  Мицкоски - Курти: Време е за решавање на економските прашања

„На Косово, американската база Бондстил создава немири на јужната граница на Србија и на самото Косово, и ваквата пракса е насочена кон братска Србија, братска Русија, Словенија и Европа“, се вели во барањето на партијата.

„Европа е буре барут, а Балканот е детонатор, а со сегашната ескалација ситуацијата станува многу опасна, дури и за граѓаните на Република Словенија. Затоа на Западот треба да му се даде јасен сигнал дека нема да се потчиниме на неговата политика“, истакнуваат од Социјалистичката партија на Словенија, пренесува српската државна новинска агенција Tanjug.

- Реклама -