Претседателот на Единствена Македонија – Јанко Бачев, не престанува со скандалите, велат од Канал 5. Овој пат, велат, го злоупотребил просторот во емисијата „Само Вистина“, која оди во живо и „е најгледана и највлијателна политичка емисија во земјава“, за да упати навреди кон високи странски политичари. Како што истакнуваат од телевизијата, освен тоа Бачев повторно употребувал и навредлив говор за Албанците.
Подетално околу тоа што сé се случувало во вчерашната „Само Вистина“ и зошто Бачев веќе не е добредојден во телевизијата, прочитајте на порталот на Канал 5.