Синот на Стив Ирвин тргна по неговите стапки

Роберт Ирвин, синот на славниот „Ловец на крокодили“ Стив Ирвин, започна да чекори по стапките на својот татко. Во текот на изминатава недела, тој влезе во кафезот со кркокодили во зоолошката градина Австралија, базата на татко му, и ги нахрани младите крокодилчиња, облечен во облеката по која неговиот славен претходник беше препознатлив во целиот свет.

Никој не треба да биде зачуден од желбата на малиот Роберт да го работи она што толку добро го правеше неговиот татко, со оглед на фактот што уште пред да научи да оди, тој се најде во близина на огромен рептил, во рацете на Стив Ирвин – нешто за што славниот Австралиец доби огромен број критики од разно-разни организации за заштита на деца. Но, се чини дека гените се многу посилни од сите плашливи човечиња на планетава…

- Реклама -