Мечкиве научиле да имитираат луѓе подобро и од мајмуни (видео)

Како што во денешниот брз глобализиран свет се зголемува минимумот на вештини што човек треба да ги поседува за да биде конкурентен на пазарот на трудот, така и кај мечкиве конкуренцијата наметнала потреба од специјални вештини за да ги импресионираат посетителите на зоолошката. Да беа само две во кафезот, внимание и грицки ќе добиваа и со лежење, а вака мечкиве мораат да се глупираат за секоја смока плус. А како што се покажало во безброј примери досега, најомилени глупирања на луѓето им се тие што најмногу личат на нивните. Па така, го имаме ова:

via Офф.нет

- Реклама -