Во текот на оваа сезона, Барселона очекува да има приходи од 960 милиони евра, а во следните три години таа сума да надмине една милијарда.
Со очекуваните 960 милиони во приходи, тие најголемиот дел ќе го потрошат на расходи и даноци, а очекуваат 11 милиони евра профит на крајот на сезоната.
Во минатата сезона Барселона инкасирала 914 милиони евра, а чистата заработувачка била 32 милиони евра.