Најголемата грутка град регистрирана во историјата на Европа

Одвреме навреме, после секое поголемо невреме, на социјалните мрежи се врти една слика со грутки град големи колку тениски топчиња, демек видете колкав град паѓаше вчера таму и таму во Македонија. Сликата е зезанција, ама не значи дека толкаво зрно град е невозможно.

Имено, според регистрираните податоци, „националниот рекорд“ на Македонија е зрно град со измерена големина од 6 сантиметри.

Верувале или не, тоа не е ништо во споредба со „европскиот рекорд“. Како што објави Технолошкиот институт во Карлсруе, Германија, најголемото зрно град некогаш регистрирано во Европа е над 4 пати поголемо. Имено, во 1925 година во близина на Хамбург, паднало парче во облик на неправилен сфероид со големина на грутката од неверојатни 25 сантиметри, или поточно, со димензии од 25х14х12 сантиметри.

Второто место, зад рекордерот, го држи Италија, каде е регистриран град со дијаметар од 17 сантиметри. Понатаму се Франција и Велика Британија со град со големина од 15 сантиметри.

виа ПлусИнфо

- Реклама -