Рефлектор: Само 3% од граѓаните го прочитале Договорот од Преспа

Иако голем дел од граѓаните имаат свое мислење во однос на Договорот од Преспа, всушност, премал број го прочитале целосно.

Преку медиумите, жителите на Македонија не можат да добијат реална слика за она што е договорено и тоа често се злоупотребува, во зависнот од уредувачката политика на медиумите.

Истото се случува и на социјалните мрежи, бидејќи со читање само на извадоци, граѓаните не можат да формираат реална слика или правилно да го протолкуваат Договорот.

Со овој Договор е предвидено нашата држава да го добие името Република Северна Македонија за севкупна употреба, но во исто време граѓаните се Македонци/жители на Република Северна Македонија, а јазикот е македонски, со појаснување дека припаѓа на словенската група на јазици.

Државните симболи нема да претрпат промена, исто како и кодовите МК и МКД за меѓународна употреба.

Овој Договор различно се толкува и од двете засегнати страни, во зависност од политичкото и идеалистичкото убедување на поединците.

- Реклама -