ЕВН предупредува: Не паѓајте во замките на лажните профили

Деновиве на Инстаграм е актуелен профилот кој го користи логото и заштитениот бренд на ЕВН Македонија, ветувајќи ваучери за првите 10.000 следбеници.

Од профилот бараат да бидат заследени и дека секој кој ќе го направи тоа, но и кој ќе сподели принтскрин од заследувањето на својата „инста стори“, ќе добие ваучер во висина од 10.000 денари за сметки за струја.

Од компанијата пак, реагираат дека немаат таков профил, но и дека доколку постават, тоа ќе биде најавено преку нив. Тие презеле мерки за затворање на ваквите профили.

Во исто време, ЕВН Македонија ги советува граѓаните да не наседнуваат и да не оставаат лични податоци на лажниот профил, за да се заштитат од евентуална злоупотреба.

- Реклама -