Убиен Драгослав Огњановиќ, адвокатот на Милошевиќ во Хаг

Сношти во Белград е убиен адвокатот Драгослав Огњановиќ, кој беше дел од одбраната на Слободан Милошевиќ на судењата во Хаг.

Тој бил застрелан пред неговиот стан во Нов Белград, а неговиот 26-годишен син бил повреден во десната рака. Уште нема официјален мотив за убиството, а полицијата трага по убиецот.

Огњановиќ досега бил адвокат во многу случаи во кои биле инволвирани членови на српската и косовската мафија.

Прочитајте и:  Извештај на ЕК: Без санкции против Русија, приближување со Кина - се отвора прашање за стратешката насока на Србија
- Реклама -