Софија Куновска прашува: Аман, мора ли сé да е аматерски и полуписмено?

Пораката на Тито по скопскиот земјотрес беше вратена на ѕидот на Старата железничка станица, но и тоа како и речиси сé друго во државава излезе дефектно, да не речеме пацерско. Ај што фонтот во комбинација со сенките прави од одредени агли да треба очи да извадите за да прочитате, туку и интерпункциските знаци се измешани до степен целата порака да ја изгуби течноста и јаснотијата.

Реагираше и актерката Софија Куновска:

„Аман, можеше ли коректно една работа да се заврши или се мора да е аматерски и полуписмено?

Налет сомнителниот фонт, но мораше ли точките и запирките да ви се измешаат па да се смени автентичниот текст.
ЗОШТОООО?“, пишува Куновска на својот Фејсбук профил.

Моментално, текстот гласи вака:

„Скопје доживеа невидена катастрофа, но Скопје повторно ќе го изградиме, со помошта на целата наша заедница, тоа ќе стане гордост и симбол на братството и единството на југословенската и светската солидарност.“

Но како што објаснува Куновска, а и како што е правилно, треба да гласи вака:

„Скопје доживеа невидена катастрофа, но Скопје повторно ќе го изградиме.
Со помошта на целата наша заедница, тоа ќе стане гордост и симбол на братството и единството, на југословенската и светската солидарност.“

Еве и сликовито, како пораката изгледа сега (горе) vs. како треба да изгледа, т.е. изгледаше порано.

Постот на Куновска ТУКА.

- Реклама -