Температурите го затворија атинскиот Акропол

Невообичаено високите температура на Атика (над 35 степени) доведоа до драстични мерки директно по наредба на Министерството за култура на Грција.

Имено, Акрополот во Атина беше затворен за посетители, а така ќе остане најрано до понеделник попладне. Мерката, се разбира, е донесена со цел да се заштитат посетителите, но и вработените, од високите температури.

Резервираните билети ќе можат да се искористат друг ден, веднаш штом температурите тоа го дозволат.

 

- Реклама -