Лукас Жатоба уживал да живее во Барселона толку многу што кога бил приморан да се пресели, решил да се збогува со градот на уникатен начин. Дваесет и девет годишниот Бразилец пуштил 250 балони на кои закачил билети за театарска претстава.
Билетите биле прицврстени за лист на кој била напишана неговата порака. Тој посетил неколку туристички локации и ги пуштил балоните. Се надевал дека на овој начин луѓето кои ќе ги најдат неговите пораки ќе добијат шанса да уживаат во градот. Жатоба рекол: „Последните 3 години бев многу среќен живеејќи во Барселона и затоа сакав да се збогувам и да му се заблагодарам на градот на специјален начин“.
{youtube}zEpo4gExLT8{/youtube}