И понатаму трае драмата околу спасувањето на 12 деца од Тајланд и нивниот фудбалски тренер од поплавената пештера, а сега почина и еден од спасувачите, во обид да им се помогне на децата.
Почина поранешен член на тајландската морнарница, нуркачот Саман Гунану, кој ја загуби свеста при излегувањето од пештерскиот комплекс, каде доставуваше боци со кислород, пренесува „BBC“.
„Неговата задача беше да испорача боци со кислород. Тој немаше доволно кислород за себе додека се враќаше“, изјави еден тајландски функционер, па додаде дека станува збор за човек кој некогаш работел во морнарница, а сега се приклучил во акцијата за спасување.
„Во пештерата е тешко. Тој се удави при обид да излезе од пештерата. Неговиот колега се обиде да му пружи прва помош, но не успеа. Кога го извлековме повторно се обидовме да му пружиме прва помош, но не реагираше, а потоа го префрливме во болница“, изјави командантот на тајландската морнарница.
Ова дополнително ги зголеми стравовите и ги намали надежите, дека заглавените деца и нивниот тренер би можеле да бидат извлечени со нуркање. Докторите и од порано проценија дека тие се премногу слаби за да издржат долго нуркање преку лавиринтот во пештерата, кој и онака е тежок и за професионалните нуркачи.
"Expert cave divers show us the dangers of cave diving, explaining why untrained divers like the boys in Thailand should never attempt it" https://t.co/tEfWcy6Rrt pic.twitter.com/469FSqx5mb
— Anderson Cooper 360° (@AC360) 6 July 2018