ВМРО-ДПМНЕ поднеле кривични пријави за изгласувањето на Договорот со Грција

ВМРО-ДПМНЕ соопштуваат дека поднеле кривични пријави до ОЈО за организиран криминал и корупција против Заев и останатите функционери и пратеници кои по вторпат ја изгласаа ратификацијата на Договорот со Грција.

„Во кривичната пријава се гонат по четири основи за сторени кривични дела: Велепредавство, согласно член 305 од Кривичниот законик на Република Македонија; Загрозување на независноста, согласно член 308 од Кривичниот законик на Република Македонија; Здружување заради непријателска дејност, согласно член 324 став 1 и 2 од Кривичниот законик на Република Македонија; и Злоупотреба на службената положба и овластување, согласно член 353 став 1,2 и 3 од Кривичниот законик на Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат и дека кон пријавите приложиле и соодветни докази, нагласувајќи дека Законот за ратификација на Договорот е неуставен и крши повеќе закони.

Прочитајте и:  Деманг на Дрин Ахмети на прес-конференцијата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Лефков

Е.Д.

- Реклама -