„Обратно бикини“ било новиот хит за на плажа (галерија)

Пошо на Инстаграм никој никогаш не е доволно секси, на тамошните моделки и инфлуенсерки им текна нов тренд – „обратно бикини“. Во суштина и нема многу разлика од класичното, само што ова има далеку поголеми шанси да падне, а и наводно прави визуелно градите да изгледаат поголеми.

Нормално, секогаш ќе се најде некоја опасно згодна женска да ни промовира вакви трендови, како во случајов италијанската манекенка Валентина Фрадеграда, и не, ни на крај памет не ни е да негираме дека вака на око изгледа проклето добро (благо речено).

Ама, тие што имаат живот и надвор од Инстаграм, особено жените меѓу нив, веднаш се побунија дека вакво upside down бикини прво треба да има на што да стои (најдобра подлога се чини „пластика“, сé друго е некако премногу меко), а и тогаш не е баш практично, освен за сликање, јер вода.

Затоа, еве ви слики, изнагледајте се, а на плажа да се видиме (и мажи, и жени) за да се журкаме и опуштиме, а не да шетаме модни парчиња. И онака секојдневниот живот е доволно стресен.

 

 

- Реклама -