Кратка дебата околу „дилот“ за името: Бил Николов vs. Петар Арсовски vs. некој Грк (видео)

Ретка прилика на честа и моментално најактуелната тема –  Договорот за промена на името. Ретка зашто истовремено се застапени три страни:

1) Бил Николов – Македонец од дијаспората во САД, кој сака да го ужива основното човеково право сам да одлучува како ќе се вика и што ќе биде по националност

2) Петар Арсовски – тукашен Македонец кој смета дека Договорот е горчливо апче што треба да се проголта зашто друга подобра алтернатива немаме, а во име на интеграција во ЕУ и НАТО

3) Ахилис Скордас – Грк кој тврди дека Грција ни е пријател, дека Договорот е добар (главно зашто го спречува руското продирање на Балканот), и дека сакаат (тие, Грците) заеднички да градиме европски идентитет, но кој смета дека нашето „присвојување“ на Александар Македонски е за смеење

- Реклама -