На четириесетина километри од Скопје има природа од која застанува здивот. Патешествието кон овој живописен предел започнува од центарот на Скопје возејќи по Јужниот булевар и низ Кисела Вода по булевар “Борис Трајковски”, па десно пред патот за Драчево кон селото Маркова Сушица.
Откако го поминуваме каменоломите, се намалува и фреквенцијата од возила. Патот води покрај селото Јаболце, и доаѓаме до Нова Брезница, каде што патот се дели на два.
Оној што води право, не води директно на Козјак.
Тишината која владее во овој предел ја разбива само некој удар на тркалата на нашето возило од дупките на патот. Полека по свиоците се симнуваме на локацијата од каде што се гледа прекрасна панорама на езерото и карпите.
Тоа е браната тоа е клисурата на реката Треска, тоа е целиот овој дел од резерватот Јасен, тоа се мечките, уникатната балканска дива коза, тоа се ендемските растенија, природата која секој мора да ја посети барем еднаш во животот.
На местото коешто рибарите го викаат Првиот залив на Козјак, има две пештери. Браната им е позната на рибарите, понекогаш таа е место каде што група млади доаѓаат до уживаат или пак странци да ловат, но овој предел и покрај огромниот потенцијал да стане атрактивно туристичко место е непознат за многумина.
Преземено од Скопјеинфо