Многупати сме објавувале фотографии сликнати во совршен момент на начин што ги претвора во ретко видена и забавна, па некогаш и нереална сцена. Но што правиме со ваквите, како овие во продолжение?
И овие се фотографирани во „совршениот момент“, но во овие случаи тој момент прави да ве полазат морници кога на нив гледате во ретроспектива, бидејќи се фотографирани на само миг пред трагедии. Кафе Пауза направи една фина колекција:
1. Фотографот Роберт Ландсберг го фотографирал ѕидот од пепел што го убил по ерупцијата на Света Елена. Успеал да го заштити филмот со неговото тело.
2. Екипажот на вселенското летало Challenger пред да се качи на него. Леталото се распадна 73 секунди по лансирањето и го уби целиот екипаж.
3. Мајинг Н’Сека била медицинска сестра. Овде се грижи за болни за време на епидемијата oд ебола во 1976-та година. Нејзината грижа значела дека евентуално се разболела и починала кратко по настанувањето на оваа фотографија.
4. Црвениот автомобил на фотографијата има бомба која уби 29 луѓе и повреди 220. Мажот и детето преживеале, но не и фотографот.
5. 14-годишниот Кит Сапсфорд се сокрил во тркалото на авионот кој полетувал од Сиднеј кој Јапонија. Џон Гилспин, фотограф аматер, ја тестирал неговата нова леќа и случајно го фатил смртоносниот пад на Кит.
6. На фотографијата се гледа Вилијам Дејв Сандерс кој води над 100 студенти надвор од кафетеријата за време на масакрот во едно средно училиште. Подоцна бил застрелан 2 пати во градите и не преживеал.
Текстот продолжува на Кафе Пауза