Му се слошило на човек во автобус, одма паника, деца што учеле прва помош му помагаат, преврски, чуда, па признанија за храброст добија…
А на телевизоров (подоле во видеото) кога му се слошило кај биле хероите, а? Којзнае колку се изначекал за Брза Помош (со оглед дека постојано се жалат дека немаат доволно возила), а и веројатно кога пристигнала веќе било предоцна.
И згора на сé, го товарија на раце, како да е обичен предмет, Ни носилка, ни ништо! И НИТУ ЕДНО ДЕТЕ ДА ПОМОГНЕ! СРАМОТА!
Искрено се надеваме дека телевизорот е вон животна опасност и наскоро ќе се опорави, и дека интервенцијата на болничариве, каква таква, ќе ги искупи гревовите на сите што го оставиле телевизорот сам на себе додека да стигне толку потребната Брза Помош…