Неименуваниот британски државјанин емигрирал во Јужноафриканската Република и отворил приватен резерват за диви животни во 90-тите години.
Што го натерало да влезе вака наивно во кафезот после сите тие години, веројатно само тој знае, но овојпат беше кобно – беше нападнат од возрасен лав, мажјак, и заврши во критична состојба во болница.
Трагедијата се случи пред очите на неколку посетители, можеби и блиски на сопственикот, а некако заврши и фатена на камера. Воопшто не е пријатно за гледање, особено што сфаќате дека лавот може да зграпчи човек лесно како да е плишана играчка.
На крајот на видеото се слушаат и истрели, што веројатно и довело до тоа човекот на крајот да биде „спасен“, ако преживее.