Напуштено рибарско село ја губи битката со природата (галерија)

Островот Gouqi припаѓа на група од речиси 400 острови кои се дел од архипелагот Zhoushan. Тоа е најголемиот архипелаг во Кина.

Традиционално, оваа група острови се и најголемата риболовна област во Кина. Меѓутоа, низ годините, со развојот на секундарната и терцијарната индустрија, економијата на регионот веќе не зависи во толкава мера од рибната индустрија. Бродоизградбата, шипинг индустријата, туризмот и угостителството пораснаа во подеднакво важни гранки кои придонесуваат во регионалната индустрија.

Како последица од тоа слабеење на улогата на рибната индустрија, многу локални рибарски села денес се напуштени. Некои од овие села се држат подобро зачувани од другите, а некои целосно почнуваат да ја губат битката со природата, како ова на островот Gouqi Island.

 

- Реклама -