Рачно цртани филмски постери од Африка

Овој тип на уметност го живееше својот пик во африканските земји во периодот на ’80-тите и ’90-тите. Во овој период, уметниците беа ангажирани за да ја ослободат својата фантазија и да создадат постери што гарантирано ќе привлечат публика во инаку запуштените и руинирани кино сали.

А уметниците тоа и го правеа. Ја користеа својата фантазија да додадат сцени, оружја, па и карактери што некогаш дури и ги немаше во оригиналниот филм кој беше рекламиран со дадениот постер.

Погледнете ја галеријава.

- Реклама -