Бил Гејтс: Нé очекува финансиска криза како таа во 2008 година

Финансиската криза од 2008 доведе до голема рецесија и остави милиони луѓе без работа. Требаше долго време да помине за опоравување, а ни до ден денес не е целосно – многумина сé уште ги чувствуваат последиците.

Меѓутоа, коосновачот на Мајкрософт – Бил Гејтс, вели дека САД и светот треба да се подготват за уште една криза, ако не таква, тогаш полоша.

Гејтс смета дека таква криза ќе се случи со сигурност, но тешко е да се каже кога.

И покрај тоа, Гејтс и неговиот пријател и колега по богатство – Ворен Бафет, се оптимистични кога станува збор за американската економија. Бафет во есеј за Time напиша дека годините на раст ѝ претстојат на Америка, и дека мнозинството од децата ќе живеат подобро од нивните родители. Додава и дека е многу оптимистичен во врска со тоа како иновациите и капитализмот ќе ја подобрат ситуацијата.

„Немојте премногу да гледате во пазарот. Ако се обидувате да купите и продавате акции,  а се грижите се кога ќе паднат и мислите дека треба да ги продадете кога ќе пораснат, нема да остварите добри резултати“, вели Бафет, истакнувајќи дека купувањето и задржувањето на акциите е најдобрата стратегија.

„Ако не сте подготвени да чувате залихи од акции десет години, немојте ни да помислувате да ги чувате 10 минути“, советува тој.

 

- Реклама -