Социјалните мрежи ги промовираат седумте смртни гревови?

Хиеронимус Бос – „Седумте смртни грева и Четирите последни нешта“

Седумте смртни гревови се една од најважните основи на христијанското учење и теологија. Интересно е што ги нема во Библијата, а листата прв ја систематизирал монахот Евагриј Понтијски, 300 години после смртта на Христос.

Тој всушност составил листа од осум „страшни искушенија на човечката душа“, која во 590та година папата Григориј Велики ја заокружил на седум и ги прогласил за „смртни“.

Според христијанските сфаќања, тоа се: сладострастие, завист, дрчност, мрзливост, алчност, гнев и гордост. Според учењето на католичката црква, седумте смртни гревови не се одвоени од кој било друг грев кој не се смета за „смртен“. Меѓутоа, седумте смртни гревови се изворот на сите други постоечки гревови и пороци.

Прочитајте и:  Што е BlueSky и кој стои позади оваа социјална мрежа?

Низ годините, седумте смртни гревови се разгледувани и биле тема во купови литература, театарски претстави, филмови… Меѓутоа, илустраторот Ари Пол ги доведува во контекст на денешните социјални мрежи/најпосетуваните интернет сајтови. Мораме да признаеме, како ваши современици и виновни по барем неколку од точките, ова нé погоди повеќе отколку што очекувавме и сакавме да нé погоди.

1. Tinder – сладострастие, копнеж

2. Инстаграм – гордост

3. LinkedIn – алчност

4. Фејсбук – завист

5. Yelp – дрчност, ненаситност

6. Твитер – гнев

7. Нетфликс – мрзливост

 

- Реклама -