Најдолгата „топла“ велосипедска патека во Европа, а можеби и во светот, ќе никне на потегот од Вагенинген до Арнхем во Холандија.
Се работи за „велосипедски автопат“ од 1.7 километри, кој ќе биде загреван за да не биде прекриван со мраз и снег. Главната цел е да се скрати патувањето меѓу двата града во текот на целата година. Стазата ќе се загрева со греачи кои ќе ја користат преостанатата топлина од локалните фабрики за хартија.
Сé повеќе градови во Холандија вложуваат во греење на велосипедските патеки, но досега немаше предлози слични на овој.
„Велосипатот“ од Вагенинген до Арнхем ќе биде двосмерен, и би требало да биде завршен до пред почетокот на зимата следната година. Пресметано е дека ќе го скрати патувањето помеѓу двата града за 600 метри, што звучи смешно за вака голема инвестиција во велосипедска инфраструктура. Меѓутоа, од градскиот совет уште еднаш потсетуваат – главната цел не е да се скрати должината на патувањето, туку најголемата добивка ќе биде заштеденото време и безбедноста на велосипедистите, преку целата година.