Седел стар Индијанец со својот внук. Сакал да му пренесе на детето што е можно повеќе знаење и мудрост, за да го подготви за животот што го чека кога него, дедото, ќе го нема. Па му ја раскажал следнава приказна:
„Во секој човек постојано се води битка. Тоа е затоа што во секој од нас има по два волка.“ – почнал стариот Индијанец.
„Како тоа два волка?“ – прашало момчето.
„Едниот е лош“, продолжил старецот. „Тој е страв, лутина, завист, огорченост, лажна гордост, алчност, его, но и тага, самосожалување и сожалување. Но, другиот е добар! Тој е радост, спокој, љубов, надеж, добрина, сочувство, великодушност, вистина и вера.“
„И? Кој волк победува на крајот?“, прашал љубопитно внукот.
„Волкот што повеќе го храниш“, му одговорил мудриот Индијанец.