Направете миленичето да ви одговара со мебелот

Или барем така (како насловот) би можела да гласи реклама за салонот за убавина на домашни миленици кој истите ги претвора во „фантастични суштества“, како што ветуваат.

Ако сепак не сакате кучето или мачката да ги претворите во фиктивни створови од бајките, или не сакате да ви одговараат со бојата на ексцентричниот мебел, размислете повторно – од рускиов салон тврдат дека боите се од природни материјали, дека не се штетни за животните, па и дека се здрави за крзното. Плус, можат да ви ја претворат мачката во змеј!

Што, ни тоа не ве убеди? Е па тогаш, за жал, ќе мораме да ве информираме дека поседувате здрав разум, што и не е баш корисно кога светот околу вас е скроз полуден.

 

- Реклама -