Европската унија ја губи битката со криминалот и перењето пари

„Професионалните перачи на пари, од кои ние имаме идентификувано 400 на највисоко ниво во Европа, тоа го прават со 99% успешност, и заработуваат милијарди евра“, вели Роб Вејнрајт – шефот во заминување на Европол, а и поранешен разузнавачки аналитичар на MI5. Тој вели дека Европа постигнала многу во борбата против тероризмот, но дека убедливо ја губи битката против организираниот криминал и перењето пари.

Вејнрајт, кој на крајот на мај ќе ја напушти функцијата, откако ја обавува скоро цела деценија, вели дека перењето пари е токму една од неговите најголеми фрустрации.

„Создадовме тони прописи, банките трошат 20 милијарди долари годишно на програми против перење пари, а само 1% од криминалните имоти успеваме да заплениме во Европа годишно“.

Според него, Европа ја губи битката против валканите пари бидејќи користи национални решенија за да се бори со интернационален проблем. Најголемата пречка е тоа што е воспоставен систем кој оневозможува слободен проток на информации преку границите.

Според последните податоци на Европол, кај меѓу 0.7% и 1.2% од вкупниот годишен БДП на Европската унија, е детектирана вмешаност во сомнителни финансиски активности. Во превод, во криминални финансиски текови се вмешани повеќе од 29 милијарди евра.

- Реклама -