Што можат да нé научат чергите на Навахо Индијанците за совршеноста

Навахо Индијанците на работ на секоја черга/тепих/ткаенина прават една грешка при ткаењето. Но не е тоа вистинска грешка, туку намерна. Тие веруваат дека токму „згрешеното“ е местото каде Духот влегува во чергата, или од неа изглегува. Исто така, тие верувале дека само Креаторот е совршен, ние (и тие) не сме.

Плетката инаку е совршена, но ете, секогаш постои место кое сосема јасно изгледа како да е утнато. Денес такви несовршености ни го активираат OCD-то (Опсесивно компулсивно нарушување), што би рекле на интернет, но на Навахо Индијанците тој дефект не им пречел.

Да се биде совршен не значи безусловно да се отстрани секоја несовршеност.

Нам, со нашите модерни и западњачки размислувања кои се сведуваат на „или ова – или она“, и со нашата потреба да бидеме вешти во сé, дефинитивно ни изгледа како да е обратното. Но во реалноста, совршеноста се состои во прифаќање на несовршеноста.

Затоа, тој што сака вистински да живее, не бега од неа. Човек или ја прифаќа, или ја порекнува несовршеноста во својот живот.

Таа е всушност местото на кое Духот во нашето тело влегува, или од нашиот живот излегува.

- Реклама -