Нема што премногу да објаснуваме во воведот, ама ете, во школо нé научија дека секогаш треба да го има. А сега да не тупиме и да прејдеме на главното, тоа што ви го ветивме во насловот:
1. Со користење на дланката можете отприлика да измерите агол
2. Според меѓународната просечна (со акцент на „просечна“) стапка на убиства, секој од нас во својот животен век сретнува околу 16 убијци, и појма си немаме за тоа.
(ако ве интересира деталното објаснување, клик тука)
3. Секогаш кога мешате шпил карти, вие сте првиот човек во историјата што ги има картите по тој редослед
4. Мислевме дека сите го знаат триков, но се изненадивме кога сфативме всушност колку луѓе не знаат дека бројот на денови во месецот можете да ги научите со помош на тупаниците.
Имено, спојте ги една до друга како на сликата, и почнувате да броите од лево кон десно, почнувајќи со коската на левиот мал прст, па вдлабнатината до неа, па коската до неа, па вдлабнатината… Месеците што паѓаат на коска секогаш имаат по 31 ден, а месеците што паѓаат во вдлабнатина секогаш имаат по 30 денови (со исклучок на февруари, нели).
Задолжително да ги учите децата на триков. Од нашето сеќавање кога бевме мали, многу ни помогна да ги научиме деновите во месеците побрзо од другите деца. Притоа, меѓу првите нешта што стануваат очигледни од триков се дека јули и август имаат по 31 ден, иако се еден до друг.
5. Една пица со дијаметар од 43 сантиметри е поголема од две пици со дијаметар од 30 сантиметри.
6. Човечката плунка содржи природен painkiller (средство против болка) – наречен „опиорфин“, кој има 6 пати посилен ефект од морфинот. Истиот овој опиорфин има и анти-панично и анти-депресивен ефект.
7. Има „забранети“ бои кои нашиот мозок не може да ги замисли. Тие бои се состојат од нијанси кои се компензираат една со друга во човечкото око, како што се црвенозелена или жолтосина. Пробајте да ги замислите овие две бои. Не можете, нели? Наместо тоа ќе ги замислите како зелена, кога всушност постои таква боја што истовремено е и сина и жолта, само што нашиот мозок не може да ја замисли.
8. Атомите на кислородот кои ги имате во белите дробови, јаглеродот во нашите мускули, калциумот во нашите коски, и железото во нашата крв – сите се настанати во ѕвезди и распрснати низ универзумот кога тие ѕвезди експлодирале. Тоа значи дека ние истовремено сме и по малку вонземјани, а и ѕвезден прав.
9. Додека наполните 60 години, ќе изгубите половина од рецепторите за вкус и способноста да распознавате меѓу слатко, солено, горчливо и кисело.
10. Не можете да чувствувате мирис додека спиете. Можеби мислите дека некогаш сте се разбудиле од мирис на кафе, но тоа само значи дека веќе сте биле полубудни. Ако не е така, зошто на пример не може да ве разбуди мирис на оган?
11. За време на бременоста, ако мајката ги оштети нејзините внатрешни органи, бебето праќа матични клетки до местото на оштетување за да го забрза процесот на залекување.
12. Секој ден нашите срца создаваат енергија која е доволна за камион да помине 30 километри. А мозоците ни создаваат доволно енергија за да напојуваат 10-ватна сијалица.
13. Повеќето луѓе всушност немаат претстава дека семафорите се многу поголеми отколку што ни изгледаат, како и дека линиите на патот/улиците се многу подебели отколку што изгледаат. Објаснување тука.
14. Секоја година, 98% од нас стануваат нова личност. Толку многу нови атоми добиваме во една година.
15. Ова не е ништо ново, но е интересно да се замисли: Кислородот е неопходен за луѓето да живеат, нели, но кислородот истовремено и ги оксидира клетките – што води кон стареење.
16. Вашата возраст е само број на кругови што сте ги направиле околу Сонцето (дури и ако верувате во рамна земја)
17. Просечен „обичен“ облак тежи околу 500 тона, т.е. 100 слонови. Облак за време на бура, од друга страна, тежи колку 200.000 слонови. Научниците успеале да ги „измерат“ знаејќи ја големината на облаците и приближната количина на вода што ја содржеле.