Еееее времиња: Езерото Треска (ВИДЕО)

Во пикот на својата убавина, бисерот во Сарај – езерото Треска – се протегаше на површина од 136.000 м2, длабоко беше од 1.6 до 3 м и имаше капацитет од 10.000 капачи. Целиот спортско-рекреативен комплекс е изграден во 1978 година со самопридонес на жителите на Скопје, и свечено отворен од Јосип Броз Тито лично.

Езерото било дестинација за релаксирање за скопјани цели 20 години, сé до ’98-ма, кога е затворено за капачи поради загаденоста на водата. Оттогаш редовно повремено слушаме најави за негово оживување, ама сега засега ништо опипливо од тоа.

Кој и да е исходот, носталгијата на постарите скопјани ќе остане, а слушајќи ги нивните приказни, лесно е да ја почувствуваат и тие што во златната ера на езерото Треска сé уште не биле родени. Истиот ефект е можен и со видеава. Уживајте.

 

https://www.facebook.com/stefo.bozarovski/videos/10209065091863276/

- Реклама -