Еден човек од Њујорк решил да се пензионира и својата заштеда ја искористил да си купи фарма во Португалија. Фармата што ја купил била празна 15 години, откако сопствениците починале, а не се јавиле наследници. Во амбарот од фармата, човекот пронашол 35 милиони долари.
Амбарот на празната фарма имал заварени врати. Никој, во изминатите 15 години не се одлучил да ги отвори. Откако њујорчанецот и неговата сопруга ја купиле фармата за половина од цената (доволно за да се исплати заостанатиот данок), набавиле агрегат и опрема за сечење и започнале да ги отвораат вратите.
Она што го пронашле во внатрешноста ги запрепастило – колекција стари автомобили, во солидна состојба. Истата била проценета на 35 милиони долари. Како нови сопственици, луѓето што го отвориле амбарот имаат целосно сопственичко право и, очигледно, ќе имаат многу убав пензионерски живот.