Ако ви се допадна виетнамската џиновска пештера, тогаш и ова е за вас. Замислете, тесни подводни премини исполнети со живот, црвени подводни облаци токсичен гас и струења кои би можеле да однесат неподготвен нуркач во заборав.
Покрај фотографиите од Виетнамската експедиција, National Geographic објави уште една серија на неверојатни фотографии. „Сините дупки“ во Бахамите се малку истражени подводни пештери во кои се најдени најбогатите и најретки научни богатства на планетава. Некои од овие богатства се опасни, за чие испитување се потребни деликатни и екстремно куси нурнувања до големи длабочини.
Но, наодите на овие нурнувања во сините дупки влијаат врз неколку научни полиња – геологија, археологија, палеонтологија и биологија. Овие експедиции можат да бидат интересни дури и за астробиолозите кои вршат претпоставки за вонземски живот. Меѓу откриените животински видови бил и „жив фосил“ наречен remipede, непроменет веќе 300 милиони години; во подводните пештери биле пронајден и црвен песок довеан од Сахара, па дури и човечки остатоци.