Еден аеродром во Тампа, Флорида, привремено ги затворил сите писти за да остане во чекор со магнетниот северен пол. Магнетниот пол се поместува поблизу до Русија со брзина од 64 километри годишно.
Одговорните лица на овој меѓународен аеродрм велат дека биле приморани да ги преправат знаците на нивната најкористена писта бидејќи пилотите зависат од магнетните полиња за навигација. Пистата ќе биде затворена до 13 јануари, а кога ќе биде повторно отворена на неа ќе бидат впишани информациите кои ја одредуваат нејзината нова позиција на навигационите мапи.
Пол Такемото, претставник на Федералната Администрација за Авијација, вели дека магнетните полиња константно се менуваат, но ретко до тој степен што мора да се менуваат знаците на пистите. „Едноставно мора да бидете апсолутно прецизни кога утврдувате насока. За да бидеме сигурни во прецизноста, мора да ги направиме овие промени.“ Кетлин Берген од ФАА додала: „Магнетните полови на Земјата постојано се поместуваат, но ако промената е поголема од три степени, тоа влијае врз редоследот на пистите.“
Повеќето научници мислат дека Земјиното магнетно поле се создава во внатрешноста на планетата. „Внатрешно јадро од цврсто железо е опкружено од надворешно јадро од течно железо. Тие ротираат во различни насоки, и интеракцијата помеѓу овие две јадра создава ,хидромагнетно динамо’. Тоа е нешто како електромотор кој генерира магнетно поле“ додала Џеана Брајнер од LiveScience. [Earth’s Magnetic Pole Moves, Throws Off Planes in Florida]