Фудбалерот за врска на Челзи, Френк Лампард, наскоро ќе потпише нов договор со клубот од „Стемфорд Бриџ“, со што и дефинитивно ќе бидат расчистени сите дилеми дали тој ќе си замине од лондонскиот клуб.
Напротив, иако има 34 години, Лампард сè уште е еден од главните играчи во тимот на Роберто Ди Матео и раководството на клубот сака да го задржи и по завршувањето на оваа сезона, кога му истекува договорот.
Токму затоа веќе во завршна фаза се разговорите за нов двегодишен договор со Лампард, кој треба да биде потпишан на почетокот на октомври. Ова лето се појавија шпекулации дека Лампард би можел по крајот на оваа сезона да се пресели во МЛС – американската фудбалска лига или пак да му се придружи на Дидие Дрогба во Кина.