Временска за денес

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и доста ветровито. Ќе дува засилен повремено силен јужен ветер (повеќе од 80 км/час, а на планините и над 100 км/ч). Кон крајт на денот и во текот на ноќта ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Максималните дневни температури во Скопје ќе достигнат до 25 Целзиусови степени, Крива Паланка 20, Маврово 16, Охрид 18, Битола и Кавадарци 24, Берово 20, Дојран 23…

Утре времето ќе биде променливо, облачно со локалне пороен дожд и грмежи, особено на исток и дневни температури од 10 до 18 степени.

Во понеделник и вторник ќе биде облачно и врнежливо со дневни температури од 7 до 16 степени.

- Реклама -