Џиновска пештера во Виетнам

пештераВеќе неколку децении геолозите знаат дека во Виетнам се наоѓаат некои од најспектакуларните пештери, и дека голем дел од нив се неистражени. Сега, двајца сопружници ја истражуваат можеби најголемата пештера во светот: Ханг Сон Доонг.


пештераПештерата е доволно голема за во неа без проблем да се сместат неколку облакодери. Таа се наоѓа во планините Анами и содржи река и џунгла. Превод на името на пештерата е „пештера со планинска река“. Во пештерата дури се формираат и мали облаци, а нејзиниот крај едноставно не е видлив. Пештерата е дел од мрежа од околу 150 пештери во централен Виетнам близу границата со Лаос. Хауард и Деб Либерт од Англија ја предводеле првата експедиција што влегла во Ханг Сон Доонг во 2009, но тие биле запресни по околу 3 километри од огромен ѕид. Неодамна тимот се вратил, но овој пат тие планираат да се искачат по ѕидот, да направат мерки и да се обидат да го најдат крајот на пештерата.
пештераНа сајтот на National Geographic се поставени фотографии од оваа пештера, како и графички приказ на текот на реката низ неа.
пештерапештерапештерапештерапештера

- Реклама -