Извонредниот живот на Стивен Хокинг, низ слики

Стивен Хокинг беше три во едно: еден од најголемите космолози и научници во светот, медицинско чудо, и ликот што имаше најмали реални шанси да стане суперзвезда. А стана.

Невромоторна болест му беше дијагностицирана во 1964 година, на возраст од 22 години. Докторите му рекоа дека тешко дека ќе дочека 30. Но, пола век подоцна, Хокинг го прославуваше својот 70-ти години, а светот го знаеше како еден од најбрилијантните умови и научници не само на денешницата, туку и на модерното време.

Почина денес во домот во Кембриџ, на возраст од 76 години. Daily Mail не води на емотивна фото прошетка низ неговиот извонреден живот.

• Стивен Хокинг кога беше бебуш и тазе стигнат на светов. 1942 година.

• Со тетка му Муриел некоја година подоцна.

• Со сестра му Мери.

• Со двете сестри, Мери и Филипа.

• Како младо момче, на прошетка со чамец.

• Во школски двор, на возраст од 12 години.

• Како студент на Оксфорд (на денот на дипломирањето во 1962 година), каде дипломираше без многу напор. Подоцна рече дека во тоа време учел само по еден час на ден. „Не сум горд на тоа, само го опишувам мојот став кон учењето во тоа време, кој го делев и со останатите студенти. Во тоа време или човек ќе беше брилијантен без напор, или си ги прифаќаше можностите и остануваше со четврти клас“.

• Со Џејн се сретнале на забава во 1962. Следната година на Хокинг му дијагностицираат амиотрофна латерална склероза. Дури и свесни за очекуваниот краток животен век, тој и Џејн се свршуваат во 1964, а се венчаат во 1965 година.

• Хокинг, сега космолог, на 10 октомври 1979 на универзитетот Принстон

 

• На Харвард, април 1984 година.

• Со сопругата Џејн на почесното доделување диплома на Кембриџ, 1989 год.

• 1988 година, дел од документарната серија „Master of the Universe“ на Channel 4

• Стивен, Џејн, и децата Роберт, Луси и Тим.

• Во 1991 со Џејн имаа болен развод кој го разбранува целото семејство.

• Со Кралицата Елизабета (мајката на Елизабета II)

• Со нобеловката Дороти Хоџкин

• На 16 септември 1995, Хокинг се венчаше со својата втора сопруга – Илејн Мејсон, поранешна медицинска сестра.

Се разведоа во 2006 година.

• На предавање во Ватерстоун на Royal Albert Hall во Лондон, 1995

• Професор по математика на Кембриџ, 2000 година.

• Со втората сопруга Илејн на универзитетот Кембриџ на неговиот 60-ти роденден, 2002 година.

• Со Илејн на премиерата на „Lemony Snicket’s A Series of Unfortunate Events“ во Лондон

 

• Астрофизичарот на лебдење во нулта гравитација во антигравитациски авион во април 2007, на 24.000 стапки над Атлантикот, заедно со тим од доктори и сестри.

• Честитки за комплетираниот лет

• Сликан во 2007 година пред својата биста во Центарот за теоретска космологија на Кембриџ

 

• На прес конференција на Starmus science and arts фестивалот во рамките на The Royal Society во Лондон.

 

• Средба со Нелсон Мендела во Јоханесбург, мај 2008 година.

• Стивен Хокинг за време на говорот насловен „Зошто треба да одиме во вселената“ на универзитетот Џорџ Вашингтон во САД, април 2008

 

• На отварањето на новиот Центар за математички науки на Кембриџ

• Со Еди Редмејн, кој го глумеше Стивен Хокинг во биографскиот  „The Theory of Everything“

• Обама му доделува Претседателски медал на слободата, 2009 година

• На премиерата на филмот, со актерската екипа

• Во 2010, додека го гледа првото прикажување на неговото документарно шоу на Discovery Channel, насловено Stephen Hawking’s Universe

• Со актерката Џејн Фонда, 2011-та година

• Со британската кралица, Лондон 2014-та

• На прес конференција во 2014-та, каде ја презентираше својата формула за тоа како Англија да го освои Светскиот куп во фудбал.

Претходно го ангажираа за едномесечна студија на темата. Овде ја презентира формулата за перфектен пенал.

• Хокинг во 2015-та

• Со Бенедикт Кумбербач на приемот на Motor Neurone Disease Association во Бакингемската палата, Лондон, 2015 год.

 

• На доделувањето на наградите „Гордост на Британија“, октомври 2016, Лондон

 

• На прес конференција на претставувањето на Breakthrough Starshot – новата иницијатива за вселенско истражување, на One World Observatory, април 2016-та

 

• Со Папата во Ватикан, ноември 2016 година.

• Хокинг често беше дел од The Big Band Theory. Се појави во вкупно 7 епизоди, а во 200-тата му пееше „Happy Birthday“ на Шелдон

• Ноември 2017-та, еден од последните јавни настапи на Хокинг, на The Cambridge Union.

• Стивен Хокинг во јули 2017-та, на симпозиум на Кембриџ во кој зборуваше за својот живот и својата работа, во чест на неговиот 75-ти роденден

 

Засекогаш ќе остане еден од омилените научници, шегаџии и воопшто – прекрасни умови. Нека почива во мир.

via Daily Mail

- Реклама -