Средбата со овој рецепт ќе ве огрее како да сте се сретнале со некој божествен ентитет. Некаде на половина веќе ќе бидете сигурни што ќе биде првото јадење што во (блиска) иднина ќе го печете на скара.
Време на подготовка: 10 минути
Готвење: 60 минути димење, 20-30 минути печење
Количина: За 4 лица
Состојки:
500 гр. мелено јунешко месо
2 поголеми главици кромид
1 пакување сланина
250 гр. сецкани печурки, сецкан магдонос и сецкан кромид
1 лажичка лут кечап
1 лажичка соја сос и ворчестер сос
1 лажичка кафен шеќер и скараџиски сос
Подготовка:
Исечете ги врвовите од кромидот и излупете го. Исечете го вертикално на половина и почнете да ги одлепувате слоевите. Најголемите парчиња ќе ви послужат како основа за бомбиците.
Остатокот од кромидот ситно исецкајте го и помешајте го со месото, печурките, магдоносот и сосевите.
Наполнете една половина од кромидот со месо, а потоа затворете ја со другата половина.
Обвиткајте ги бомбиците со сланина и фиксирајте ги со чечкалица.
Поставете ја решетката на скарата на повисоко и чадете ги бомбиците околу 1 час. Потоа спуштете ја решетката поблиску до оганот/жарот и печете ги бомбиците околу 20-тина минути. Некаде на 10 минути пред крајот на печењето, полијте ги со омилениот сос и пуштете ги да се карамелизираат.
Украсете ги со магдонос. Скарата е спремна, а вас ви останува само да оставите да ве понесе уживањето во вкусовите.