Беа и останаа едно од најбогатите и најмоќните семејства во светската историја, но нивните почетоци се значително помрачни.
Во раните 1900-ти семејството Рокфелер беше толку омразено што мораше да вработи повеќе телохранители за да им го чуваат грбот, дури и во нивните домови. Како што напиша своевремено еден весник: „Дополнителната претпазливост е мудар чекор. Рокфелер имаат полно причини за страв од убијци. Тоа се природни последици од бизнис политиките на господинот Рокфелер“.
И навистина, луѓето имаа доволно причини да ги мразат Рокфелер. Ги викале лопови, убијци на жени и деца, манипулатори и тотални лажливци.
10. Бескрупулозно богатење
Рокфелери не се збогатија баш од добрини. Всушност, важат за злосторници кои ја искористиле секоја прилика да приграбат што е можно повеќе од другите. Така Рокфелер се стекнале со Diluth, Mesabi и Northern Railroad. Како што пишувале весниците во 1911 година, изворните сопственици на железницата тукушто завршиле со поставувањето на пругата. Сакале да изградат и терминали, ама им недостасувале пари. Тука на сцена настапува големиот Gates, човекот кој управувал со добротворните донации на Rockefeller. Gates им објаснил на сопствениците дека Џон Д. Рокфелер ја следел изградбата на нивната железница, и дека ќе им позајми пари. Луѓето прифатиле заем од 420.000 долари (за тоа време огромна сума). Два месеца подоцна, Рокфелер барал итно да му ги вратат парите, наведувајќи некаков наводен „финансиски срам“. Се разбира, знаел дека тоа не е можно за така кратко време, а целта било да им ја земе железницата.
9. Работниците и платите
Џон Д. Рокфелер немал нешто посебно високо мислење за луѓето кои работеле за него. Неговиот близок соработник во 1913 година јавно изјавил дека не веруваат во концептот на минимална плата, туку во тоа дека секое дете, жена и маж заработуваат токму толку колку што вредат. Со други зборови, ако немаш висока плата, тоа е затоа што малку вредиш, а не зашто некој те изиграл, насамарил или експлоатира.
8. Масакрот во Ludlow
Во 1914 рударите почнале да протестираат. Рудниците биле опасни, платата била никаква, а згора на сé, плата добивале во бонови кои можеле да ги потрошат само во трговските компании во посед на Рокфелер. Кога рударите тргнале во штрајк, Рокфелер Помладиот пратил вооружени мажи да го разбијат штрајкот. 11 деца, 2 жени и неколку мажи изгореле во шаторите кои истите тие платеници на Рокфелер ги запалиле.
7. Жени и деца во страв
По тој масакр, жените и децата меѓу вработените на Рокфелер живееле во целосен страв. Don MacGregor, на пример, пишува дека децата бегале од него само затоа што бил странец, од страв да не кажат нешто погрешно и тоа стигне до нивниот газда. Возрасните знаеле дека MacGregor е на нивна страна, ама децата не. Децата ја знаеле само приказната за Ludlow.
6. Лажни вести
По масакрот во Ludlow, на Рокфелери им требале секакви можни добри вести за да им ја испеглаат репутацијата. Поради тоа почнале сопствен цесник, а се здружиле и со Hearst – моќен новинарски издавач, за да објавуваат само позитивни нешта поврзани со нив. За противниците, пак, само најлошото, придружено со сериозни лаги.
5. Ги чувале рударите во сиромаштија
Во 1915 година, Џон Рокфелер Помладиот одлучил да посети еден од рудниците за да покаже дека и тој е само смртник. Посетата се покажала како тотална пропаст. Освен што 5-минутното рударење толку многу го изморило што морал да преспие во рудникот, ни на рударите не им се допаднало неговото присуство. Повеќето целосно го игнорирале.
4. Вмешаност во образованието
Џон Д. Рокфелер трошел огромни суми пари на високото образование, со цел да го смири јавното мислење. Преку своите фондови финансирал образовни институции, но со исклучиво конзервативен предзнак. Најомразени идејни непријатели му биле движењата што се залагале за синдикати и организирани работници.
3. Не ја финансирал војната
Во пикот на Првата светска војна, сојузничките сили се обидувале да го финансираат бруталниот судир. Додека практично сите богаташи нуделе дел од своите средства или се одрекувале од платите, Рокфелер одбивал да им даде заем, сеедно дали на Британците или Русите.
2. Избегнување на данок
Во 1916 година, сé уште во текот на Првата светска војна, Рокфелер собрал 100 милиони долари во своите фондации. Од тоа заработувал по 6 милиони долари годишно, на кои не плаќал никаков данок. И додека фондациите требало да служат исклучиво за добротворни цели, на сметка на Рокфелер стигнувале многу критики дека огромен дел од парите троши на свои лични цели.
1. Лаги околу цените
Американскиот Конгрес барал Рокфелер да објасни зошто постојано ја зголемувал цената на горивото. Рокфелер не бил нешто многу потресен, па одговорот му бил само дека цената е диктирана од понудата и побарувачката. На Американците горивото им било неопходно, па немале друга опција освен да ја платат цената која ја диктирал Рокфелер, а тоа тој добро го знаел.
Express.hr