Како еден од најпознатите топ модели, Синди Крафорд навикнала на себе да носи дебели слоеви шминка на своето лице, па очекувано беше дека во зрелите години ќе продолжи со шминкање. Но таа открива дека сè поретко нанесува шминка на лицето поради тоа што верува дека шминката го прави лицето да изгледа постаро.
– Како што поминуваат годините, користам сè помалку шминка. Шминката може да предизвика да изгледате уште постаро, а целта е со годините да се чувствуваме поубаво во својата кожа – напишала манекенката на својот профил на Твитер.
Синди во својата 46-та година сè уште изгледа сензационално, а успешната кариера ја надополни со 14-годишниот брак со Ренди Гербер со кој има две деца – Каја (11) и Пресли (13). Формата ја одржува со планинарење, вежбање во домашната теретана и избегнување на висококалорична храна.
Но и покрај фантастичниот изглед, понекогаш со носталгија се присетува на најславните денови од кариерата кога била кралица на модните писти и насловните страници на сите модни списанија.
Минатиот викенд таа на Твитер сподели една од нејзините омилени фотографии во која позира гола пред објективот на познатитот фотограф Херб Ритс.
– Со Херб Ритс можев да ризикувам. Можев да играм различни улоги, а знаев дека тој ќе направи сè за да изгледам добро – напиша таа. [‘Makeup can make you look older’: Cindy Crawford, 46, reveals her new bare faced philosophy]