Осмомартовска статистика за жените во Македонија (интересни факти)

Државниот завод за статистика објави соопштение по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жените. Најчести женски имања во 2017 година биле Јана и Сара. Според процената на населението во Македонија, 49,9 % од населението се жени. Жените во Македонија сè почесто се одлучуваат да раѓаат по едно или по две деца.

Бројот на дипломирани жени во 2016 година изнесува 4.787 или 58 % од вкупниот број на дипломирани студенти, додека пак бројот на жени магистри изнесува 1.107 или 58,9 % од вкупниот број магистри. Бројот на жени доктори на наука изнесува 111.

Според статистичките податоци, жените во просек живеат 77,4 години, односно 4 години подолго од мажите. Од вкупниот број вработени жени во 2016 година, 94,3 % се вработени со цело работно време. Од вкупниот број вработени жени во 2016 година, кој изнесува 283.834, 74,8 % се вработени во деловни субјекти во приватна сопственост.

Во домаќинствата кои имаат деца, жените просечно дневно поминуваат 1 час и 57 минути во нивно згрижување. Жените кои имаат домашни миленици просечно дневно поминуваат со нив по 1 час и 41 минута.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Според податоците на Државниот завод за статистика, жените просечно дневно поминуваат по 1 час и 50 минути на гледање телевизија. Жените во урбаните средини на забава и култура поминуваат просечно дневно по 2 часа и 16 минути, што е двојно повеќе од жените во руралните средини, односно 1 час и 13 минути. Во текот на денот, вработените жени поминуваат 15 % на слободни активности, а невработените жени 21 %.

Од сите домашни активности на жените, посочуваат од Државниот завод за статистика, 16 % отпаѓаат на чистење на станот.

По повод Денот на жената – 8 Март, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата направи анализа на истражувањата и на анкетите на оваа тема, но и на она што го покажуваат статистичките податоци.

Целата статија прочитајте ја ТУКА

- Реклама -