Со оглед колку долго имавме заробена држава, реституцијата оди тешко и мачно. Параформациите даваат отпор, особено кога се врзани со политичките елити, вели комуникологот Петар Арсовски, за симптомите на „случајот Асани“
Како вицепремиерот Бујар Османи ги уверувал вчера амбасадорите на ЕУ во напредокот на земјата според планот на Владата за длабоки реформи, ако партијата молчи и не бара санкции за приотивзаконското однесување на еден нивен поранешен функционер? Ова прашање посветено на случајот „пајак“ односно „случајот Бекир Асани“, се реактуелизира и по информациите дека неговиот брат, Бејтула Асани му се заканувал на претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани.
Како што потврдуваат од ЗНМ, Селмани добил порака на Фејсбук со заканувачка содржина, која била пријавена во полиција. Заканата уследила откако Селмани на неговиотт Фејсбук профил напишал дека правната држава клекна пред еден силеџија. Неговиот коментар се однесува на инцидентот од 1-ви март, кога поранешниот претседател на чаирскиот огранок на ДУИ, Бекир Асани, вербално нападнал полициска службеничка кога возило „пајак“ требало да го подигне неговото непрописно паркирано возило „ленд ровер“. Според билтенот на МВР, тој влегол во вербална расправија со полицајката, а таа на помош повикала да интервенираат и други полицајци. Од МВР ги демантираа гласините дека Асани физички ја нападнал полициската службеничка, кои произлегоа по информацијата дека таа по инцидентот била во Градска болница.
По информацијата за заканата до Селмани, со осуда се огласи Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Харлем Дезир, кој на Твитер напиша: „Заканата и навредата која беше упатена кон Насер Селмани, претседателот на ЗНМ, е неприфатлива. Овој директен напад на слободата на изразување треба да биде брзо и ефикасно истажен и на новинарите да им биде загарантирана безбедноста.“
Закани до Насер Селмани на Фејсбук
Рецидиви на параинституциите
„Неприфатливи се какви било закани врз новинари и врз сите кои инсистираат за непречено функцинирање на институциите и санкционирање на прекршителите на законот“, вели комуникологот Петар Арсовски.
„Со оглед колку долго имавме држава заробена од параинституции и подземје, реституцијата на нормалното функционирање оди и тешко, и мачно. Секогаш параформациите даваат отпор, особено, кога се инфилтрирани како паралелен систем и се врзани со политичките елити. Од друга страна, имајќи предвид дека јавноста е нестрпелива по тоа прашање, таа прави притисок таквите инциденти да се расчистуваат брзо, што е уште потешко за систем кој уште не е застанат на нозе. Ова е време кога стариот систем сѐ уште е усидрен, а новиот не е целосно воспоставен. Добар сигнал е што полицијата ги презема сите мерки, но лош сигнал е што посочениот и неговото опкружување не попушта, а тоа не би било можно ако нема политичка заштита“, вели Арсовски.
Целата статија прочитајте ја ТУКА