Парламентот на Малта ја намали возраста на која граѓаните можат да добијат право за гласање на избори. Досега минимумот беше 18 години, а отсега возраст за стекнување право на глас ќе биде 16 години.
Сите 64 пратеници во Парламентот ја одобрија промената.
Малта е втора држава во Европската унија, по Австрија, која ја намали минималната возраст за гласање.
Жителите на Малта на 16 и 17 години ќе ја имаат првата можност да гласаат веќе во 2019-та година, на изборите за Европскиот парламент.
Промената не беше широко одобрена во општеството, јавуваат новинските агенции.