Момче почина по пад од зграда во населба Аеродром

Дваесет и двегодишно момче почина по пад од зграда во скопската населба Аеродром.

Несреќата се случила утрово на улица Бојмија. Според првичните информации, момчето паднало од прозорец од шести кат.

Полицијата врши увид на местото на настанот. Засега не се познати причините за несреќата.

Фото: МИА

- Реклама -