Со транспаренти „Обвинителите го убиваат Алмир по вторпат”, „Нема правда нема мир”, „Правда за Алмир”, „Дали треба да сум Ивона за да избегам од одговорноста” стотина граѓани денес се собраа на протест пред Основното јавно обвинителство во Скопје. Во знак на револт поради преквалификација на кривичното дело убиство во тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот со смртни последици истурија земја пред влезот на обвинителството.
Актерот Висар Вишка кој ги предводеше и денешните протести за правда за Алмир, го обвини републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески дека лажел пред Собранието дека преквалификацијата на делото од „убиство” во „сообрќајка со смртни последици” го потпишал неговиот претходник Марко Зврлевски.
Тој на денешниот протест пред седиштето на обвинителството побара Јовевски да го објави документот, кој според него постои, за да се види дали навистина Зврлевски го потпишал преквалификувањето на предметот.
„Да му пресудиме на судството, На криминалците во тоги, Доста Е, Никакви реформи, И Јовевски, човек на СДСМ и ДУИ го убива Алмир по втор пат“, напиша Вишка во повикот за протест објавен на фејсбук.
Демонстрантите реагираа и на тоа што Основното јавно обвинителство – Куманово наместо да го конфискува „мерцедесот” со кој е прегазен Алмир, го вратило на семејството на обвинетиот.
„Поради ваквата истражна постaпка; уништување на доказите, односно на оружјето со коешто е извршено делото; пристрастноста на Јавниот обвинител при водењето на постапката; „шетањето” на квалификацијата на делото од основото кон вишото и републичкото обвинителство, односно поради саботажа на правдата во случајот Алмир, бараме изземање на Јавниот Обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово, Сузана Кусигерска”, порачаа демонстрантите.
ЦЕЛАТА СТАТИЈА ПРОЧИТАЈТЕ ЈА НА МКД.МК