Денес започнува новата наградна игра на Макпетрол, „Верна повторно наградува”

МАКПЕТРОЛ, најголемата и најстарата компанија за дистрибуција и промет сонафтени деривати во Република Македонија, за сите лојални корисници на картичкатаВЕРНА и оваа година организира голема наградна игра, „Верна повторно наградува“.

Со секои впишани 10 поени на Верна картичката, членовите на ВЕРНА програмата залојалност добиваат по една шанса за награда. Колку повеќе трансакции, толку повеќешанси за добивка! Наградната игра ќе започне од 01.03.2018 година и ќе трае до 15.12.2018 година, а ќесе одвива во 8 посебни Редовни кола, 4 Мастер кола и едно Финално Мастер коло.

За лојалните корисници на Верна картичката за лојалност подаруваме многу вреднинагради. Нашите верни потрошувачи ќе бидат наградени со: Ваучер за Кристал Кар вовредност од 300,00 денари, 1000 ВЕРНА поени, Ваучер за Лубекс моторни масла вовредност од 1.500,00 денари, Ваучер за гуми во вредност од 2.500,00 денари, лаптопиDell, како и викенди во хотелите на Макпетрол.

Најсреќните ќе можат да уживаат вонаградите од Мастер колата, а тоа се: два скутери Honda, чамец со мотор Honda иприколка, прекрасната Honda Jazz, како и фантастичната Honda Civic што ќе бидедоделена во финалното Мастер коло.Колку повеќе полниш, толку повеќе добиваш!

Како и минатата година, така и овој пат преку својата ВЕРНА програмата за лојалност,Макпетрол АД изразува благодарност кон своите потрошувачи и ги наградува занивната лојалност.

Наградната игра нема да биде единствената активност оваагодина. Како и досега, продолжуваме со реализација на други интересни промоции набензиските станици наменети за нашите потрошувачи, за кои членовите на ВЕРНАпрограмата за лојалност ќе бидат редовно и навремено известувани.

Со почит,Макпетрол АД

- Реклама -