Мечка на патот!

Како и во Европа, така и во Босна и Херцеговина планините се оковани во снег. Во таква зимска идила, никој не очекува да види мечка. Барем така нé учеа како мали, дека мечките спијат во зима, нели?

Дека не е баш така (повеќе околу тоа ТУКА) се уверија пар возачи во селото Сухач на планината Грмеч, каде мечка ги пречекуваше буквално на сред пат.

Но како што ќе видите во видеото на линкот погоре, кога мечките се будат се прилично слаби, атрофирани им се мускулите од долгиот зимски сон. Оттаму, оваа мечка не претставувала опасност за возачите… барем на хартија.

 

- Реклама -