Најдепресивните места на Google Maps

Седнал 33-годишниот Австралиец Дамиен Руд да бара нешто на Google Maps и налетал на Mount Hopeless (Безнадежна планина) во Австралија. Му паднало смешно, па почнал да пребарува и други слични локации. Наскоро собрал прилично голема колекција, што ја вика „Sad topographies“.

 

Меѓу купот тажни топографии што се покажало дека постојат низ светов, меѓу омилените му се „веројатно тие на Антарктикот“. Таму, на пример, има Shapeless Mountain (Планина без форма). Планината толку нема форма, што една експедиција што пробала да ја искачи целосно ја утнала планината. Како резултат, ја преименувале планината во Mistake Mountain (Грешка Планина). Таму некаде има и Wrong Peak (Погрешен Врв), кој своето име го добил во слични околности.

Погледнете ја галеријата од колекцијата на Австралиецот, ќе најдете уште многу такви. Од ова погоре можете да претпоставите и како некои од нив го добиле името.

1. Островот Грешка

 

2. Островот на Мизеријата

3. Улица Целосно Сам

4. Врвот без поента

5. Автопат „Сенки на смртта“

6. Доле: Плажа на Разводот (Горе: Плажа на љубовниците)

7. Мостот Самоубиство

8. Разочарувачка Планина

9. Улица „Кофа полна со крв“

10. Кањон на Неуспехот

11. Ако ви се оди во Ништо

12. Пат до Мизеријата

13. Може да се преведе како „Планина без врвови“, ама може да се преведе и како Беспоентална Планина

14. Патот на Пропаднати Соништа

15. Разочарувачко Езеро

 

16. Улица „Зошто јас, господе?“

17. Бескорисни Острови

18. Булеварите „Болка“ и „Страдање“

Повеќе на Bored Panda

- Реклама -