Каролина Гочева со фантастичен концерт во МОБ ја магепса публиката

Вчеравечер во Македонската Опера и Балет поп-ѕвездта Каролина Гочева го одржа првиот концерт на кој го промовираше најновиот музички албум “Извор”. Во потполна тишна во салта преполна со публика, поп ѕвездта ја раскажуваше свјата музичка приказна.

Поп ѕвездата имаше одлична комуникација со публиката, која заедно со неа ги потпевнуваше песните и ја даруваше со громогласно ракоплескање.

Публиката имаше можност да ги чуе во живо сите нови песни од долгоочекуваниот албум на Каролина насловен „Извор“, и да се потсети на најубавите песни од проектот „Македонско девојче“.

Интимна атмосфера, девет музичари, сцена во стилот на кабаре и преполна сала беа доволни за Каролина цели два часа да не маѓепса со својот глас и емоцијата која успеа да ни ја пренесе.

Само за една од новите песни, текстот го напиша познатата актерка Весна Бејби Петрушевска, блиска пријателка на Каролина. Публиката во комплетна тишина уживаше во убавата балада „Будна“, и длабоката љубовна приказна во текстот која Каролина ја испеа со многу емоции.

Каролина за само два часа успеа да докаже дека без конкуренција можеби е најдобрата пејачка во државата, бидејќи со само неколку професионални музичари и без ниту еден пратечки вокал, ги отпеа песните и успеа да ја пренесе целата енергија на публиката.

Публиката ја пречека со силен аплауз, и сосема заслужено а ја испрати на нозе, пеејќи го заедно со неа новиот хит, „Ѕвона“. Каролина Гочева и нејзините фанови успешно го скршија мразот на првиот, од седумте закажани концерти, сношти во МОБ.

„Ви благодарам што заедно со мене вечерва го пробивте мразот. Ако ви се допадна, дојдете пак. Имаме уште шест концерти“, рече Каролина за крај.

- Реклама -